Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Собор на свети Јован Крстител

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот во кој го чествуваме Соборот на светиот Јован Крстител, се отслужи Света Божествена Литургија во црквата во Велес, посветена на Господовиот предвесник. На Светата Божествена Литургија, чиноначалствуваше Митрополиот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители од велешкото и кавадаречкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија.

 
Богојавление - Водици

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Прославата на празникот на Богојавлението во Велес започна со света Божествена Литургија во храмот „Свето Вознесение Христово“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес. По завршувањето на Литургијата беше формирана Литија до мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше положен чесниот и животворен крст во водите.

Традиционално секоја година велешани масовно присуствуваат на осветувањето на водите и положувањето на животворниот крст, а секоја година голем е бројот на оние коишто влегуваат во студените води на реката Вардар за да го фатат крстот. Оваа година 86 млади луѓе влегоа во водите на реката Вардар за да го фатат крстот за здравје и спасение.

Годинава, крстот го фати Стојан Илчевски од Велес, кому ова му беше прво фаќање на чесниот и животворен крст. Нему Митрополитот Повардарски, Господин Агатангел му ја подари Библијата и златен крст, а десетина други спонзори му подарија други пригодни дарови. Покрај многуте верни, светиот чин на осветување на водите и положувањето на Чесниот и Животворен Крст го проследија Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, Министерот за култура и туризам, г-дин Зоран Љутков, пратениците во македонското Собрание од Велес, г-дин Игор Здравковски и г-дин Александар Јамалов, како и бројни претставници на институциите од градот Велес. Овогодишен кум на празникот Богојавление беше пратеникот во македонското Собрание, г-дин Александар Јамалов со своето семејство.

 
Богојавленски водосвет - Водокрст

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Ден пред големиот христијански празник Богојавление - Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Оваа година осветувањето на водите се изврши во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, каде се отслужи Вечерна со Златоустова Литургија, а потоа во сослужение на присутните свештеници, Митрополитот Повардарски г. Агатангел ја освети водата за здравје и спасение на верниците.

 

 
Свети Серафим Саровски

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот кога светата православна Црква го чествува споменот на преподобниот Серафим Саровски, свештенослужители од градот Велес отслужија Света Божествена Литургија во параклисот во митрополитската резиденција на Повардарската епархија посветен на овој светител. На Литургијата молитвено присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а меѓу присутните беше и Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев.

 

 
Свети Гаврил Велички

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот кога нашата света Македонска црква го чествува споменот на светиот епископ Велички, Гаврил, свештенослужители од градот Велес отслужија Света Божествена Литургија во параклисот посветен на овој наш духовен горостас во градот Велес. Во параклисот беа изложени и мошти од светителот, на кои многумина верни се поклонија, просејќи благослов и застапништво од Лесновскиот чудотворец.

 

 
Божикна забава за лицата со церебрална парализа

 

Sample Image

 

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, традиционално по завршувањето на Божикната Литургија и оваа година се организираше Божикна забава за лицата со церебрална парализа од Велес. Свештениците го благословија овој собир и на  сите кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат им поделија пакетчиња. Оваа средба е традиционално Божикно дружење со овие лица и нивните родители, а е во рамките на долгогодишата соработка на Повардарската епархија и здружението на лица со церебрална парализа од Велес.

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 38 од 1713