|
8.03.2010. |
|
На 7 март 2010 година, во Крстопоклона седмица, кога Светата Црква го слави споменот на светиот маченик Маврикиј и седумдесетмина војници, и Многубројните маченици во Евгенија близу Цариград, во храмот „Свето Вознесение Христово“ во Гевгелија, се ослужи Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештеници. |
|
Повеќе...
|
|
|
8.03.2010. |
|
На 05. 03. 2010 година, во петок од третата седмица од Великиот Пост, во храмот „Вознесение Христово“ се отслужи третата статија од Богородичниот Акатист. На вечерната богослужба сослужуваа повеќе свештеници, а присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Останатите статии од Акатистот кон Пресвета Богородица ќе се служат на мало повечерие во секој нареден петок од Великиот Пост во храмот „Св. Спас“ во Велес. На крајот на вечерната богослужба беа благословени и прекршени празничните лебови. |
|
|
1.03.2010. |
|
На 28.02. 2010 година, во неделата од втората седмица од Великиот Пост, посветена на Св. Григориј Палама, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен и бројно свештенство, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци.
|
|
Повеќе...
|
|
|
1.03.2010. |
|
На 26. 02. 2010 година, во петок од втората седмица од Великиот Пост, во храмот „Вознесение Христово“ се отслужи втората статија од Богородичниот Акатист. На вечерната богослужба сослужуваа повеќе свештеници, а присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел. |
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1 - 4 од 356 |