Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Групно крштевање во водите на реката Бабуна
Sample Image
 
Групно крштевање во водите на реката Бабуна
23.06.2008.
 
 
Sample Image
 
 
На 21. 06. 2008 година, ден сабота, Повардарската епархија организираше Групно крштевање во водите на реката Бабуна во Велес. Светата тајна - крштение ја примија 32 луѓе. Со чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна - Крштение чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештеници од Велес.
 Групната крштевка беше организирана за прв пат во Повардарската епархија, со тенденција традиционално да се одржува секоја година во водите на реката Бабуна. 
 
 
 

 
 
 Sample Image
 
 
Чинот започна во 11 часот, а најпрво беше извршен чинот огласување, во кој Митрополитот Агатангел ги повика сите оние кои дојдоа за да се крстат да се откажат од сатаната и  од сите негови дела и да се соединат со Христа. Потоа сите заедно го прочитаа Символот на верата за да покажат дека веруваат православно.Откако беа осветени водите на реката Бабуна, огласените беа помачкани со елејот на радоста и еден по еден влегуваа во реката Бабуна и во името на Отецот и Синот и Светиот Дух трикратно беа потопени, го примија Светото Крштение и станаа членови на Светата Православна Црква. Потоа следеше миропомазание на крстените, а следниот ден сите крстени присуствуваа на Светата Литургија за да ја примат Светата тајна - Причест.
 
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 


 
< Претходно   Следно >