Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Настани во најава arrow 40 години Повардарска епархија
40 години Повардарска епархија
27.04.2018.

Почитувани,

МПЦ - OA, Повардарска православна епархија, со огромна духовна радост Ве поканува да присуствувате на духовните настани со кои ќе се одбележи јубилејот - 40 години од формирањето на Повардарската епархија.

Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство ги збогатите овие семакедонски и сеправославни настани.

Sample Image

ПРАЗНИЧНА ПРОГРАМА:

 

19 мај 2018 (САБОТА) храм „Св. Кирил и Методиј“ – Гевгелија

† 17.00 часот - Вечерна Богослужба - чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенство на Повардарската епархија;

† 18.00 часот - Духовна академија и Концерт на младинскиот црковен хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес и камерниот - црковен хор „Св. вмч. Пантелејмон“ од Велес.

 

20 мај 2018 (НЕДЕЛА) храм „Успение на Пресвета Богородица“ - Велес

   08.30 часот - Пречек на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан со надлежниот архиереј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и членови на Светиот Синод на МПЦ-ОА;

† 09.00 часот - Света Архиерејска Литургија - чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел и сите членови на Светиот Синод на МПЦ-ОА, како и со бројно свештенство од сите Епархии на МПЦ-ОА;

† 11.30 часот - Чин на осветување на новоизградената административна зграда со помошни простории при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ - Велес, чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел и сите членови на Светиот Синод на МПЦ-ОА;

 

Sample Image

 

 
< Претходно   Следно >