Групна крштевка на реката Бабуна |
26.06.2015. | |
На ден 18. 07. 2015 година (сабота) со почеток во 10 часот, Повардарската епархија ќе организира групна крштевка во водите на реката Бабуна во Велес. Чинот на Светата Тајна – Крштение ќе го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес. Групната крштевка во водите на реката Бабуна се организира по осми пат во Велес. Крштевката како и досега ќе биде бесплатна, а можат да се пријават само лица постари од 14 години. Пријавувањето ќе се врши секој работен ден во просториите на Повардарската епархија во Велес од 08 -16 часот. |
< Претходно | Следно > |
---|