Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна
Sample Image Sample Image Sample Image
Sample Image
Sample Image
Sample Image

075 143 133(само од мрежата на ОНЕ)

070 143 303(само од мрежата на Т-Мобиле)

Почитувани браќа и сестри во Господа, овозможено преку донаторски броеви од мобилните оператори ОНЕ и Т-Мобиле, со еден телефонски повик да донирате 100 денари за обновата на опожарената Црква „Свети Атанасиј Велики“ во Богданци.

Sample Image

 


Црковно-градежни активности во Велес
30.06.2015.

 

Sample Image
 
Sample Image

 

Црковно-градежните активности кои започнаа во градот Велес продолжуваат со несмален интензитет. Новите административни простории со крстилница и параклис, посветен на Охридскиот чудотворец, Св. Наум во Велес, успешно напредуваат. Параклисот, кој се гради во непосредна близина на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес , ќе биде првиот храм посветен на овој светител во Повардарската епархија. Параклисот и административните простории се градат со средства на Повардарската епархија. Во исто време започна и целосното реновирање на седиштето на Повардарската епархија во градот Велес, при што при крај е комплетно реновирање на административната зграда (надворешна термоизолација, замена на постоечките врати и прозори, замена на целата водоводна и електрична инсталација, замена на покривот, целосно реновирање на санитаријата, како и ентериерно преуредување).

 

Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image

 

 

 
Изложба на дела на велешки копаничари
26.06.2015.

 

Sample Image

 

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на дела на велешки копаничари. Десетина копаничари, кои и денес ја негуваат вековната традиција на овој уметнички занает,  пред јавноста се претставија со 45 дела. Изложбата, во име на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, ја отвори секретарот на Повардарската епархија, протоѓакон Влатко Стоименов.

Во прилог можете да го прочитате ова излагање:

Sample ImageБи сакал, браќа и сестри, да се заблагодарам на организаторот за честа и укажаната можност да дадам воведен збор и да ја отворам оваа изложба. Вечерва, на мое место требаше да биде нашиот почитуван владика - Митрополитот Агатангел, кој поради неодложни работни обврски, за жал, не беше во можност, заедно со нас да го збогати ова значајно духовно и уметничко собитие во нашиот град. Митрополитот Агатангел ме обврза, преку неговиот поздрав и благослов, да ја пренесам и споделам со вас неговата длабока почит, духовната радост и неизмерната подршка на нашите денешни домаќини во нивните напори и нивните намери да продолжат и во иднина да креираат убавина од која сите ние како народ Божји, духовно и душевно ќе се храниме и во доброто ќе се воспитуваме.

Во Евангелието според Матеј, е наведено дека Бог, секому според силата негова, му подарил извесна количина таланти, т.е. таленти или дарови за одредена работа или одредена област (Мат. 25, 15). Бог вдахновува многумина со различни дарови, за различни работи, а од нас зависи дали и како ќе ги употребиме или злоупотребиме, и како ќе Му се оддолжиме на Бога за она што ни го дал. Дури и кога ја насочуваме нашата дарба против Бога, повторно Он, како добар родител, внимателно нѐ поткрепува и воспитува, зашто Негова најголема желба е да бидеме преобразени и исцелени од секое наше личносно расцепување и застранување. На прашањето: Зошто Бог дава уметнички таленти? Одговорот би бил: Некому, за да Му служи на Бога со својот талент и вештина, за да изработи дела со кои ќе Го прослави Дарителот на сите дарови, а некому за да може преку уметноста да дојде до Бога и да го запознае. Даровите секогаш се со конструктивна намена, и никогаш во себе не содржат деструктивна содржина.

Ние православните на црковниот уметник гледаме како на врвен богослов, за нас иконописецот, зографот, копаничарот се подвижници и аскети.

Ликовното изобразување во православната Црква не е само обична слика, декор, или пак илустрација на Светото Писмо. Ликовниот приказ е израз на полнотата на православната теологија. Таа не ќе може да биде разбрана надвор од Црквата и нејзиниот живот, зашто таа е израз на севкупното Предание на Црквата Божја.

Ликовните прикази во православната традиција не го изобразуваат ликот на светителот само според неговиот земен лик, туку повеќе според неговата прославена, односно небесна просветеност. Тие, за разлика од световниот портрет, во кој се изразува природниот лик на индивидуата, имаат амбиција да го прикажат натприродниот и од Бога прославениот и преобразениот лик.

Затоа православниот уметник, треба постојано да се движи нанапред, зашто без постојано преумување и без постојан подвиг нема да биде во состојба да одговори на зададената цел. Уметникот го има дарот од Бога да гледа повеќе и подлабоко од другите и токму заради тоа, православниот уметник, пазејќи ја автентентичноста на христијанската уметност, наместо минливата, ја претпоставува вечната и вистинската убавина.

Токму од таква уметност на духовен препород, имаме потреба и ние денес и во тој контекст треба да ја разбереме и нашата денешна изложба, која вечерва и официјално е отворена за јавноста. Господ нека им даде крепко здравје, сила и мудрост на новите генерации копаничари, овој настан нека прерасне во традиционален, а догодина делата на нашите раце нека произведат духовни величини, достојни за почит и пофалба.

Ви благодарам.

 

Sample Image

 

 
Конкурс за прием на ученици во Богословијата
10.06.2015.

КОНКУРС

за прием на ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ - Скопје, за учебната 2015/2016 година

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- да завршиле основно училиште
- да имаат основно познавање од Православието
- да се телесно и душевно здрави
- да не се постари од 18 години  
- да имаат одличен успех од 5. до 8. одделение.

Приемниот испит се состои од писмена работа и тест по македонски јазик и испит по пеење.

Тестот по македонски јазик ќе го опфати материјалот од граматика и литература, а писмената работа ќе биде на тема од литературата или од лектирите од 5. до 8. одделение.
Испитот по пеење се состои од проверка на музичките способности на кандидатите преку пеење на музичката скала и песни. 
Кандидатите, кои нема да освојат минимум 60 бода, се смета дека не го положиле приемниот испит и нема да бидат рангирани.
Молбите за прием се поднесуваат преку парохискиот свештеник и надлежниот епархиски архиереј до Управата на Богословијата. Приемниот испит ќе се одржи на 17. 06. 2015 (среда), со почеток од 09:00 часот. 
Кандидатите треба да ги приложат следниве документи:
- свидетелство за свето крштение
- свидетелства од 5. до 8. одделение
- благослов од надлежниот архиереј
- уверение од парохискиот свештеник за подобност на кандидатот за свештенички чин
- лекарска потврда
- писмена согласност од родителите дека кандидатот може да учи во Богословијата, и обрска од нив дека редовно ќе ги подмируваат инернатските трошоци, доколку кандидатот не е стипендист.
За полагање на приемниот испит, кандидатите се должни да уплатат 1500 денари кај секретарот на Богословијата, најдоцна на денот пред полагањето на приемниот испит.
Ќе бидат примени најмногу по тројца кандидати од секоја епархија.
Упис на вонредни ученици не се одобрува.

Од Управата на Богословијата

 
Светиот цар Константин и царица Елена
5.06.2015.

 

Sample Image

 

Sample Image На празникот на Светиот цар Константин и Светата царица Елена, во  храмот посветен на овие светии во селото  Миравци, беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на клирици од гевгелиското намесништво на епархијата. На Литургијата  присуствуваа  голем број на верници од Миравци и околните места.

Светиот цар Константин и царица Елена

Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците. Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен царот нареди да му исковаат голем крст, сличен на тој што му се јави и да го носат пред војската. Со силата на Крстот тој стекна славна победа над бројно надмоќниот непријател. Максенциј се удави во реката Тибар. Веднаш потоа Константин го издаде прочуениот Едикт, во Милано, 313 година, за престанок на гонењата на христијаните. Откако ги победи Византинците, тој изгради прекрасна престолнина на Босфор, којашто оттогаш се нарече Константинопол. Но пред ова Константин западна во тешка проказна болест (лепра). Жреците и лекарите го советуваа да се бања во крв од заклани деца, но тој тоа го одби. Тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Павле и му рекоа да го побара епископот Силвестер, којшто ќе го излечи од страшната болест. Епископот го поучи во христијанската вера и го крсти и проказата исчезна од телото на царот. Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година. Овде се осуди ереста, а се утврди Православието. Благочестивата мајка на царот, Света Елена, ревнуваше усрдно за верата Христова. Таа го посети Ерусалим и го пронајде Чесниот Крст Господов и на Голгота ја изгради црквата на Воскресението и уште многу други цркви по Светата Земја. Во својата осумдесетта година оваа света жена се престави кај Господ, во 327 година. А царот Константин ја надживеа мајка му за десет години и се упокои во својата шеесет и петта година, во 337 година, во градот Никомидија. Неговото тело беше погребано во црквата на Светите апостоли во Цариград.

 
Света Литургија на втор ден Духовден
4.06.2015.
 
Sample Image
 
Sample Image
 
На втор ден Духовден, Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше со Светата Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци во сослужение на повеќе свештенослужители од кавадаречкото епархијаско намесништво. На втор ден Духовден беше отслужена и Вечерна Богослужба во црквата „Света Троица“ во Росоман. На вечерната богослужба сослужуваа повеќе свештенослужители од кавадаречкото намесништво на Повардарската епархија, а молитвено присуствуваа голем број жители на Општина Росоман.
 
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Педесетница - Духовден
3.06.2015.
 
Sample Image
 
Sample Image Светата Педесетница - роденденот на светата Црква - денот кога Светиот Дух во вид на огнени јазици се симна врз апостолите и ги направи носители на благодатта Божја, создавајќи од нив свет собор на сите оние кои се повикани за спасение на тој начин што со својот живот и со своите дела ќе се вградат во телото на Црквата, секоја година свечено се прославува во сите православни храмови насекаде по светот.

 Света Божествена Литургија се служеше и низ сите храмови во Повардарската епархија, а централното чествување на првиот ден од Педесетницата се одржа во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде што Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија.

По причестувањето на дел од верниците Митрополитот и свештенослужителите пристапија кон служење и на Вечерната богослужба, која во овој ден се извршува веднаш по Литургијата. По големот прокимен од страна на Владиката и свештенослужителите беа прочитани трите долги молитви предвидени за овој ден.

Sample ImageНовозаветната Педесетница е денот на славното исполнување на ветувањето за Христовото испраќање на Светиот Дух врз апостолите. Ова е крајно радосен, извонреден и утешителен настан. Куќата во која тие пребиваат еднодушни одеднаш е преисполнета со шум од небото, сличен на силен ветар, а разделени јазици, како огнени, се спуштаат врз секого од учениците. Од ова тие се исполнуваат со Дух Свети и почнуваат да го благовестат Евангелието на разни јазици, онака како што Светиот Дух им даваше да изговараат. За разлика од мистиката на Успението на Пресвета Богородица, на пример, при доаѓањето на славата на Господ и другите одондестрани и чудесни појави кое им се открива како видение на некои од присутните, настаните на Педесетница стануваат очигледни за сите, не само за достојните. За да ги видат, на ерусалимјаните не им беше неопходен духовниот вид, иако на виденото не дадоа сите еднаков духовен одговор. Значи, зборувањето на сите јазици на кои луѓето од Ерусалим зборуваа (бидејќи во него живееја дојденци од разни краеви) едни го гледаа како прекрасно чудо, други како знак на пијанство. Петар вдахновено го објаснува настанот и ги упатува на пророштвата за овој настан до Избраниот народ дојдени преку Пророкот Јоил. Благовеста на Петар допре до срцата на многубројните луѓе што го чуја и тие го примија покајанието заради името на Исуса Христа. Во тој ден се крстија и присоединија кон Црквата Христова околу три илјади души. Оттогаш наваму Педесетница се смета за роденеден на црквата Божја. За првпат по падот човекот ипостасно Го прима Светиот Дух и ја добива полната и реална можност да живее според благодатта.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 38 од 476